багаж (м.)
Внатре по клупите и наземи лежеше багажот нафрлен без ред.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тато ѝ помогна да се качи во возот. Ѝ го смести багажот, а таа веднаш застана на прозорецот. Беше многу возбудена.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Моите сопатници го окупираа со багажот речиси целото купе. Немаме во него никој друг освен нас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Го влечкаат како багаж. Без намера да се променат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мојата торба оставена на улица
искисна како внатрешниот багаж
кој е толку мокар
што тоа станува негова differentia specifica.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Водена од тој животен феномен ништо не ме спречува да ја откријам енигмата на здодевното секојдневие од целиот сопствен багаж, од најдлабоките лични тунели да ги извадам зрелите плодови, сочните овошја и да исцедам свежи сокови за освежување и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но, на границата Германците тој ден беа благи и така сиот багаж со ракија мина незабележано.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Откако се наигра, наскака и се издиши од тригодишниот товар, Крле го зеде магарето од сестра си Бисера и заедно со притропот Петрета тргнаа долу Цулевата улица да ги товарат багажите од попот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Овде во Америка, стискајќи ги во раката своите книги, својот единствен ID (кој, се чини, не вреди), ја чувствувам сета трагикомичност на EEW, етикетираниот источноевропски писател, кој своите несреќни татковини ги влече со себе како задолжителен багаж, што секако, дури овде е присилен да го влече.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Според турканицата пред шалтерот за багаж, во чекалницата, а и внатре, во леталото, авионот Скопје – Виена може да заличи на автобус со крилја.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Ај беља!“ — си мислеше тој, терајќи ја малата Сукалова маска преку Жиово и Врпско, која беше реквизирана да ги пренесе багажите на општинската управа до најблиоката станица Тројаци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Слегуваше механички по скаличките од авионот... Целиот багаж - мала рачна торба. Играчки за Карл.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Нема кој да фаќа, знам, ама сепак причувајте го багажот, им рече на старецот и момченцето пред да тргне. ***
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Потоа целата дневна соба се преполнува со нивниот шарен багаж.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу тешко да нѐ собере со сиот тој багаж, - рече Рада, која се чудеше зошто ѝ се сите тие работи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Последен пат се видовме пред Нова година, мислам во 2000 и некоја кога како личен багаж пренесов со себе, меѓудругото, десетици и десетици панталони, силно свиткани и изврзани едни за други како колбаси во вентилацијата на автобусот на стар шверцерски начин, потпомогната од еден господин кој држи тезга на зелен пазар за грицкалки и батерии.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
8 Зошто тогаш - речник? Тој збор, речник, се најде во мојот багаж на бегалец; идејата за еден друг речник, кој веројатно никогаш нема да биде напишан, патуваше со мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така тој збор речник, кој се затекна во мојот избеглички багаж, оживеа како рефлекс да ги запишувам зборовите, не почитувајќи ги при тоа правилата, дури ни правилата на азбуката...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Зад привидниот ред, багажот во мојот куфер е расфрлан и хаотичен товар на фрустриран провинцијалец.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тато Петре го внесе багажот и го стави до работната маса.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)