балсамира (несв.)
И при балсамирањето, при правењето на мумиите, старите Египјани употребувале мед.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ти и не можеш да бидеш минато, зошто научивме да се грижиме за светот околу нас, да ја балсамираме гордоста, да го делиме животот без да бидеме себични.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не случајно бараше од Советите во еден период кога ја посети Москва да му ја откријат формулата на совршеното балсамирање на Ленин и Сталин.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)