батерија ж.

батерија (ж.)

Заслепителна светлина од џепна батерија му пречеше да види кој е.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По тоа влезе, зашара со батеријата наоколу и во еден момент кога светлината го закачи малку, Мече за миг му го виде лицето: под убава светла коса, сега извиткана во кадри, го гледаше по малку горделиво лице, посипан со сиви дамки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Татко ми носеше батерија и карта која постојано ја осветлуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Помошникот им додаваше батериска ламба на посетителите коишто приоѓаа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко ми со батеријата ја осветли длабината на бунарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тука, под замаглената светлина на батериската светилка, ги проверуваа воените и офицерските книшки и потоа со тивко шушкање се подигнуваа гранките и ги пропуштаа дојденците во тунелот осветлен со две газиени ламби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Посебно ми беше смешно кога татко ми го извади апаратот и во таквата како божем семејна атмосфера со полуавтоматскиот апарат облепен со селотејп на разлабавената поклопка за батерии, со тој апарат отчука две фотки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дури и оној внук на синот или на внукот на зографот од првата половина на деветнаесеттиот век, иако сега издуван, јунак и артилерец во српска или бугарска батерија од балканските војни, седеше под сенка со чанак попара пред себе, давеше муви во реткото млеко и мавтајќи со лажицата пееше со децата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Противникот ги премести артилериските батерии на нови позиции, поблизу до Преспа и отвори оган по патеките по кои врват отстапниците и бегаат во Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И таму лежи човек и плашливи одблесоци од батеријата отскокнуваат по лицето и рамото, се лепат на каскетот, покриен со танок слој земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Истегнувајќи се на креветот, замислував како ме чека личноста од запишаната средба на листата со обврски во факултетско бифе, и можеби ќе ме бара на телефон без батерија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ќе експлодираат батериите на омразата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И веднаш ѝ се залепи мислата на вчерашниот ден, кога во раните утрински часови, две артилериски батерии, нивните позиции ги биеја без престан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со џепната батериска светилка ги осветлува лицата на исправената десетина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Арсо не ги слушна Павлевите уверувања. Тој презриво ја доближува батериската светлина до омразената рапавина што му застанува на патот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека нејзините соученици ги полнеа батериите, Рада отсутно одвај чекаше да се врати дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во левата рака широко испружена настрана, држеше запалена батериска светилка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Возачот, помагајќи си со батериска светилка, удираше со поткованата цокула по гумите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се огласија артилериските батерии.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе