бајонет м.

бајонет (м.)

Труп сошиен со гнили конци и околу него кружат потковани скорни и проблеснуваат бајонети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мигум ги снема и војниците и полицајците со пушките со бајонетите и калашниковите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа време стигна наредба да ги подготвиме бајонетите на пушките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Камо ви триста илјади бајонети и пушки?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но на Салила не му беше му било „пишано" тука да загине, та бајонетот во темницата беше го прободил лесно крај десните ребра и така жив беа го закопале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бајонетот натакнат на пушката се наклонува час напред час назад во ритамот на чекорењето, одблеснува сонцето во него и стражарското лице, зажарено од залезот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Војникот ја крена со една рака пушката со бајонетот, а со другата смирено ја погали ќеркичката Јета по косата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал: „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓутоа, трипати поголем од плодот е трнот на трненката, кој е на штрек во сите сезони на годината и ја брани грмушката, било таа да фрла ластари или да држи плодови, сѐ додека не го замени нова генерација со истите бодежи од бајонети.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека Раиз ме информираше за настанатата ситуација, ќеркичката Јета се беше оттргнала од неговата рака и се беше доближила до војникот со бајонет на пушката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ножот би го симболизирал пенисот, а смртоносното оружје како што се ножиците или бајонетот би ја изедначило смртта со инцестот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од аголот на бачината зграда блеснува бајонет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како бајонети на силна светлина се пробиваат звуците на фанфарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И, наеднаш, сиот тој свет од униформи и блескави бајонети се нурна кон зинатите железни крила од тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нашата резиденцијата беше целата опколена: војник до војник, секој со пушка со бајонет или калашников во рацете.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но веќе беше доцна, наводната врска го доведе како кротко јагне и просто го внесе, покрај стражарот на вратата со напрчен бајонет, право во бановинската зграда на Главната управа за внатрешни работи и народно здравје, а особено во политичката полиција заинтересирана и задолжена за комунистите и нивните симпатии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тука стоеше живиот ѕид од војници со бајонети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имаше белег над очи, остра бразда од бајонет, едноставно прикажуваше, наведнат над планинскиот оган.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе