бајрак (м.)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сите победи и проклетства се испишани на бајраците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Доаѓаат со бајраци и со труби и преповторуваат: сите ние веќе по трипати бевме мртви...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Над чардакот обесен бајрак накитен со шамии и цвеќиња, а на врвот наврено јаболко.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во поднебјето југовината црвен бајрак развејува...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Барем еден од ова камење кога би го кажал она што го премолчува - би се покажало нешто како море среде кое одново ќе стоиш Ти - на песната бајракот вечен.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Во болници модни, во кревети чисти не ќе најде почин дружината млада, во војните не се правилата исти, и нема бел бајрак за народ што страда.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Бугарските војници креваат бел бајрак. И почнуваат преговори.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А пак вие, Македонци, Запрегнете машка сила Македонија за да биде, За да биде што е била Самуилов црвен бајрак, Нек се вие нек се носи, Мечот негов паши, аги Нека сече, нека коси!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Загинавте млади, о јунаци бујни, мажествено, чесно, со пушките в рака, И пред да се кренат бајраците рујни, на агата вие му внушивте мака.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Утринава во хотелската бања водата е малку пожешка од вчера а научно е докажано колку водата е пожешка толку повеќе паѓа силата и неправдада, иако водената пареа на мнозина им го замаглува утринскиот поглед кон црвениот бајрак развеан на највисокиот балкон.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Јас, мајко, тргнав, заминав, куса си пушка нарамив, планина Пирин развила, бајрак се вее сред неа: Јас ќе го, мајко, дофанам, над село ќе го развеам, та ќе те, мајко, куртулам од тоа ропство крваво.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
И ги запрегаа Македонците своите машки сили, и се виеше Самуиловиот црвен бајрак, и сечеа нивните мечови, и косеа манлихерите на дружините од Питу Гули, Ордан Пиперката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој од паричникот извади илјадарка, плукна токму таму кајшто беше ликот на кралот, му ја залепи на чело на Дуро, стариот кларинетист и му рече: - Бајрачето, свири го „бајрачето“!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие дури како да го забораваа нејзиното присуство и никој не подозираше дека е таа заправо најжив учесник на овие вечерни собирања и дека нешто настанува во нејзината душа: под благиот глас на Пискулиева ѝ 'рти зелено пламенче од срцето, така како што целата зима неусетно 'рти тврдиот компир и чека само малце топлина да го издигне своето мало зелено бајраче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)