бериќет (м.)
II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Има ли тесна и дупка пресна со вазелин, да сјае, да блеска за топли браќа со намери задни убав и згоден депилиран задник Една желба имаме пред нас розе парада и топол колбас ануси два, поп да ги венча со бериќет вечен, да посвојат деца
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Преданијата велат дека вулканот потекнува од змеј. Во старо време имало некој змеј што правел големи пакости на селото, на луѓето; им го јадел бериќетот и им ги земал најубавите девојки за жени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кај што си оди жив и здрав да си стигне, бериќет да го чека.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Сега бериќетот има значење и постигања во учењето и на работното место.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Ех, - рече Проедросот. - Знам дека си имаш работа, бериќетот се бери сега.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ќе ѝ ги пишеш волшебните зборови за успех во работата, за бериќет и љубов, а можеш и лента да ѝ снимиш (аудио), да те слуша по стопати дневно и да ги направи сите работи по ред, како по инструкциите што си ѝ ги издиктирала со радиофоничен глас.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Поп Петко фати аргати да се собере бериќетот од Биновите ниви и Крле беше зафатен како сите деца за првпат во својот живот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од секого добива по една притворна насмевка и краток одговор на неговите прашања; ама колку за бериќетот сите како под команда одговорија дека годинава бериќетот е слаб.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ми се доближи деверот, ми ја подаде картата со вино и со темен глас кој излегуваше од длабините на земјата, рече: - Наздрави Караѓоз, на младенците наздрави, посакај им среќа и бериќет.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сполај Богу, вели, земјата е плодна и бериќетот го откупува државата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Брадарите се чуваа во гостинските одаи, сѐ додека сами од себе не се растуреа, а крчмарката, за среќа и бериќет, од главата на домаќинството добиваше на подарок огледало, белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таму по богослужбата седнуваа верниците и жените од накитените сапетки раздаваа за душа, за здравје и берикет; ја нема камбанаријата и камбаната виси на подгниена греда; на таванот го нема Пантократорот – Христос кој од горе со раширени раце бдееше и чуваше од лошо; го нема престолот и верниците ги нема...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ситна роса бериќетна. И по поле и по вода. Да се роди сѐ бериќет - вино, жито.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И тоа беше дома... Дома... Дома беше и старата исчадена икона на Богородица обесена во ќошот и масленичето што без престан гореше пред нејзиното лице и молитвите тивко шепотени – за здравје и бериќет...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега се берат пченките, гравот, се откопуваат компири, целиот бериќет се бере.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во малендавите пламенца на свеќите потулено и со стравопочитување да ги искажуваат и редат молитвите за исцелување, добрина и бериќет и да чекаат во надеж дека Горниот ќе ги услиши и ќе им ги олесни маките, болките и болестите; да кажат сполај Господе, ако се роди бериќет, ако се врати здравје, ако дојде принова, ако извор протече, ако дожд заврне... да искажат молежливо клетва, ако...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Бабини, домаќинот е бериќет. Од Бога ни е пратен. Да не е тој, ќе немаме што да јадеме...“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)