бесвест (ж.)
И стаорците што се стаорци најмногу се собираа и до бесвест скокаа и бревтаа баш под онаа мома која испловува на школка, пред да никне првата розе грмушка.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Но каква смисла можеше да има оваа споредба можеше да се види подоцна кога ги открив во Сиди Дауд туноловците со древната матанѕа кои со инстинктивен нагон за владеење со големи метални прачки до бесвест ги убиваа заробените џиновски туни, чија мазна синосребреникава кожа стануваше црвена од крвта која ја менуваше бојата на морето во делот притеснет за масакрот?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јазикот на окупацијата се менува.
Наместо да викаш убивај
викаш - сели се
тука нема иднина
за тебе.
Сѐ е прилагодено
за
другиот.
Сѐ е подредено
до бесвест.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бараа до бесвест, до дожд со секоја ноќ, со секое утро, кога тешко се напушта топлата постела.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не сме во кожата негова и не чувствуваме темница и мувла собрана во четири ѕида; не чувствуваме ни удари, диви и разбеснети, како ни гмечење до бесвест, за да се признае сѐ.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Обла глаголица на мракот
нели поминува сѐ, но копнежот
- пејзаж кој се раслојува до бесвест -
постои.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но не знаев колку време стоел над мојата бесвест, секако не пуштајќи ги треварите, црниот Пандил и лисоликиот Никола Влашки, да ми ги тргаат тешките клепки од очи и со пречувствителните прсти да ја стискаат жилата на моето младо чело.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ми изгледа кутриот како оние „Зорле моми“ кои се дотеруваат до бессвест, а откако тоа ќе го направат ќе сфатат дека така дотерани нема каде да одат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Одеднаш Луција почна да се смее. Се смееше хистерично; се потпре на моето рамо, и потем се смееше до бесвест; кога се созеде, рече дека никогаш не слушнала посмешно нешто.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не можам да ги пребројам сите оние кои после тој ден, откако ќе ги видеа моите слики, се смееја до бесвест.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)