беснее (несв.)
Пламенот беснееше грабејќи лакомо од сувата слама.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А Огнот почна да беснее.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Од тоа се добива лошо настроение, си мислам, те тера да маваш, да се лутиш и да беснееш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во времињата кога беснееше фашизмот на двата брега на Езерото, останувајќи на некаква позитивна и спасоносна дистанца од режимите, Татко се нафати да ја врши адвокатската дејност. Се спасуваше, го спасуваше семејството бранејќи некој од некого.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Околу нас беснеат војни.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не ви беше доста да беснеете? Ни товаривте на врат брегови – бремиња – За сите идни времиња!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Една вечер се забавивме со Земанек на тренингот. Дојдоа да нѐ гледаат некои девојчиња од гимназијата, но и од текстилното школо, и ние беснеевме на мотоциклот, еден по друг: првин Земанек скокаше од ритче на ритче, а потем јас возев на едно тркало.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Стефан беснееше, се престоруваше во гуштер одвратен, во молец што ги јаде јаслите сопствени; Пелазгиј веќе сосема побледе и само јас видов дека дланката од десната рака на Писмородецот му се стега под ризата во тупаница.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас беснеев, оти Земанек ме напушташе, не застануваше на моја страна; во еден миг, ја искористив тишината и, за да ги повредам и Земанек и Луција, реков: „А можно ли е барем паузата да не биде народна, туку меѓународна?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Неколку мига порано врескаше и беснееше но сега беше слаб, премален од сето ова, и мајка му стануваше неколкупати за да му го грее челото со топли облоги.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Од крвта ненаситен, сѐ уште водеше битка, лутина гневна дишејќи; од раните бликаше крвта, но сѐ уште бритка мавташе сабја, беснејќи.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Беснееше таа сѐ повеќе, ама ѓоа не знаеше кому попрво да му се одмазди за својата мака.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имаше пред себе една таква машинерија, на која можеш само да ѝ се радуваш, таа ниеднаш не ја истенчуваше својата напнатост, во неа беснееше една таква сила, со која можеше да биде рамноправен, а во сето тоа најмногу се радуваше што ни во своите раце,а ни во бичкијата, не можеше да сети ниедна сенка измореност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кантарот носи лисјето златно а в гради луто далгите беснат на ж’лтата мака - на ж’лтиот тутун на ж’лтата пот на рацете ни!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ете, кај Дамчевци се настрвил Булиман; нема недела да не дојде со десетина парталковци, маната на лов по Лигураса, слегуваат долу в село и со дни и недели беснеат со таа кучка — ќерка му Ѓурѓа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И тоа не само наша, болка на целото село, на срцата на селаните, болка на небото, слушаш како дува силен ветар, времето чувствува и болка и радост, ветерот е немирен, час е тивок, час беснее низ селото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Винстон завиваше и лелекаше, залудно барајќи храна, беснееше по собата, фрлаше сѐ што ќе дофатеше и удираше по дрвената облога, сѐ додека соседите не почнаа да чукаат по ѕидот, а за тоа време помалото дете секој час заплакуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Крилјата му трепереа и лепетаа низ воздухот, а тој заточеникот, беснееше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јасно им беше: светот се изопачуваше, беснееше од ситост и задоволство.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)