бива несв.

бива (несв.)

Секојпат и насекаде бивало така и така ќе биде сега и кај нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таму нашите каурски царови извадиле голема војска да се бие со Турчинот, но како рекол господ да ја загубиме царштината, од сите парчиња на кои бивале раздробувани Турците никнувале нови Турци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Глумците пеат. Глумците прават сѐ само не глумат, а сите други глумат сѐ само не работат она за што ги бива.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Баткиве не ги бива за водење држава, а уште помалку за водење војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Биење без пиење не бива, ништо не бива без пиење.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
12. ГОРАТА НЕ БИВА БЕЗ ВОЛЦИ - а зошто волците ги бива без гора?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Најголемите лежачи се газди и шефови. Сите ги бива за сѐ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вентрилоквистите ќе ги бива за оваа игра. Но за жал, јас не сум вентрилоквист.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
17. МЕСО НЕ БИВА БЕЗ КОСКИ - зависи кој касап, кому и како го продал.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ги плашеше како што зајак се плаши, кој бива гонет од изгладнет орел . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Значи, оваа година би можело петок да се прескокне: не бива петочно започнување!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А искрено речено, пола и не ги бива за ништо...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но борбата нерамна беше, и - како што бива - дадоа и тие жртви.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не ја бива таа работа, брате!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Не бива, се озлоби народот кој во него гледа вистински заштитник“ — одговараа против предлозите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога видоа надлежните од комисиите оти со колци и јажиња граница не бива, почнаа да ја обележуваат со секакви стакла.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Повеќе