благост ж.

благост (ж.)

Поседуваше волшебна насмевка од која бликаше невидена благост и темни бадемести очи од кои најчесто зрачеше силен интензитет и добрина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја сфати неговата благост и ја заниша главата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со благост ме фати за мишка, можеби сакаше со допир да ми докаже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И насмевка, баш при допирот на ѕвездите - за да можат луѓето долу да пресметуваат на првите дигитрони колку благост збира во една обична насмевка за која се знае дека не се купува на пазар, не се позајмува и не се краде, туку само се подарува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тогаш во него како сѐ да се урна: сите страсти и соништа, сите негувани илузии, сета надеж што, во неговата претстава, требало да значи надеж, создадена делум можеби и врз основа на мојата секојдневна благост и грижа кон него.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лузната на лицето, и затоплена од пролетна благост, не се ослободувала од модрите зимски апежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите имаа спокојни лица, беа озарени со некоја благост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Благоста на морето, и покрај жедта што не престануваше да ме измачува, ми ја враќаше свежината на мислата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На каков начин тој ќе е учен од боговите роднини што му се редум сите да ги навјаса, на друмот благост да му постилаат!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Чпртото носе кое благоста на детското лице ја правеше уште подетска, го затапуваше впечатокот од силните веѓи и густите трепки, кои од горниот дел на лицето веќе војуваа со оној што го гледаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За да ги оттргне од себе наши­те приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Бујрум, рече грнчарот со полна уста благост, но и со задув во дишењето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можев да се надевам само на онаа кревкост и благост на мевцето, а потоа на чувството на некаква зафатеност (која во исто време овозможува да бидеш зајден), што ја создава глодањето на ковче.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во миговите кога ја дочитував збирката песни на еден провансалски поет, запомнувајќи ги стиховите – во Арл кога сенката поруменува, под ружите и свети времето, внимавај на благоста околу тебе – вниманието ми го привлече текстот „Папата Јован Павле II ја осветува Катедралата во Скадар”, во отворениот дневник Ле Монд, од 23 април 1993 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Благоста на неговата душа се прелеваше преку сето тоа, и сѐ беше како во скрит залив, каде што се ублажува ќудот на брановите од широкото море.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Двете сестри се погледнуваат, но пред да се прелее нивниот поглед со иста благост, се смешува гласноговорникот што ги вика патниците да се вратат во авионот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А Томаица се смееше, додека од очите ѝ бликаше нејзината типична скоро волшебна благост.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во аглите на сликата, од едната и од другата страна над портретот, беа исцртани два детски лика, со прозрачни ангелски лица, со небесна благост во очите и милност во умјасот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нешто чудно се случуваше со него, некаква питомина и благост се влеваа во неговото срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со благост на човек меѓу коњи и со коњи израснат, со наслада наслушувајќи го жуберкањето на чешмата, Татарот го одвлекол белиот Лебед кон коритото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе