бледило (ср.)
Го испитуваше спокојно некое време неговото бледило.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Восочното бледило на неговото лице го зашемети неговото тело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дури и кога не ја спомнувавме, таа беше присутна со своето давеничко тело - толку дебелкасто во споредба со твоето - и нејзините тажни гради со збрчканите брадавици и скиселено млеко - толку отпуштени во споредба со твоите кои сѐ уште распупуваа - со нејзиниот надуен стомак и срамна грмушка безбојна во блесокот на електричната светлина, со нејзината замрсена, глибава коса и надуреното, спокојно лице - толку безживотно во споредба со твоето - и бледата кожа, бела како молња, како блиц, белина што не може да се постигне на дневна светлина - колку почнав да го мразам тоа бледило, толку студено покрај цветот на твојата кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Побелен, со бледило дури и во очите, се зачуди кога деденцето Богдан Јанков, негов пријател и во негови стари панталони со многу џебови, викна по него од прозорецот на својата куќа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Утрото се провлекува низ закнижените прозорци, блескоти по бледилото на лицата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Селанки голи се капеа во реката, брзо езерце со песочно дно, смеејќи се со крици и покажувајќи си ги телата една на друга облечени во бледило од кое никнуваат поцрнети глави, раце и листови.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но потоа пак се исправи и видов како од под подгореното лице му избива бледило.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој се вомјази. Онака потсвиткан и висок, направи движења налево, па надесно, мало бледило му се јави на лицето, но остана да стои на местото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Засилени од бледилото и цврстината на држењето, ненадејните промени на нејзиното тело сосем го замелушуваа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кети забележа дека Рози не беше облечена во своите панталони, наместо нив беше облечена во син памучен фустан што ѝ ги нагласуваше русата коса и бледилото, како и женственоста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ни сокот од портокали, ни сувото грозје, ни скапоцените јадења готвени од најдобрите готвачки, ни турските, дури ни виенските еќими не можеа да ѝ помогнат на момата, да се поправи и да го измени своето мртовечко бледило од лицето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Баба ти Елена испитувачки ме гледаше, но не прашуваше ништо, погодувајќи по бледилото на моето лице дека нешто страшно се случува.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но, кога тој се појавува, беспомошен млад човек, облеан со солзи и со болникаво бледило, наспроти сиот бесен врисок на мнозинството околу мене, во себе чувствувам некоја нејасна сродност со него.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Додуша, Марин Крусиќ, кога дојде да ги покани на гроздоберот во неговото лозје под Карадаг, не покажа толку отворено љубопитство како неа, и не се загледа вчудено во бледилото од синот на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Го изгледа убаво бледилото на Марко, па му дојде некој ќејф од тоа, и пуфна со чибукот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)