бодар прид.

бодар (прид.)

Насекаде настапуваше отворено, бодро, со самочувствие на човек кој знае што е и што може да биде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во неговите гради навлезе и бодро затрепери свежина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Украдени се моите чувства. Сега сум бесчувствителна и бодра.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Докторе?“ „Да Чарлс?“ „Можам ли сега да одам на училиште?“ „Мислам дека ќе можеш, утре. Многу бодро звучиш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И кога по неа набабри втора врз зеницата на Пандо, се подигна старечката рака и дланка рапава, жилава, ковчеста, но бодра, ја откинува за да не остави лишај на пониженост.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„А сега, да видиме кој од нас може да си ги допре прстите на нозете!“ рече таа бодро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа ноќ, бодро чекорејќи кон хотелот, надлежниот писател од престолнината чувствува дека престојот во Северните шуми добро ќе му користи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Затоа што е бодар, свеж, брз и секогаш подготвен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стоеше само еден миг на таа пребликната сончевина, престегнат и бодар. Така замина, без да се обѕрнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Постоеше некоја ритмична бодрост во неговото кажување, поигрување со сопствениот сомнеж. Па, и една игрива наивност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- И, радосен што го гледа пак станат и бодар, тој му рече со смеење: - Ами, Прилеп, кој ќе го брани, бре Цепенко?!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)