болнички (прид.)
За жал со задоцнување болничките службеници сфатиле дека командантот го обеспокојувале ариите на лирскиот тенор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Низ полуотворените врати се гледаа шишињата со инфузија надвиснати над болничките кревети.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Си треперела ли некогаш в грло како нож што не знае дали до дршка да се забуца во ленена кошула или свечено да блесне под болнички рефлектори?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од празните болнички соби и ходниците во кои владее длабока, мртва тишина што ја поматува само тивкото крцкање на подгниените прозорци со испокршени стакла и врати, бие огромна осама која предизвикува измачувачки немир и чувство на болка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но, хигиеничарките му беа благодарни – од силата на неговиот глас лебарките и бубашвабите се уплашија и избегаа надвор од болничките простории.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Не коментирав ништо. Сестра ми јави дека стигнала болничката кола.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тропаат канти и болнички носилки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После прочитавме дека малата пак се накркала со апчиња, а браќата фотографи имаат болнички инсајдери што ги информираат за такви настани.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Болничките соби, коридорите, па дури и подрумите беа полни со ранети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Татко ми беше на работа, а мајка ми како луда трчаше по болничката количка во која Татјана лежеше како мртва.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ноќе и само ноќе, од болничките бараки ги изнесуваат мртвите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ја собра главата во рамениците. Металната покривка на болничката кола се оддалечи од него, стана безопасна за јаката черупка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Мајка, со последни сили, се префрли во носилката. Се најдов во болничката кола.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ми чукаат инструменти од болничката ковачница: клешти и виљушки, пили и сврдли, ножици и маши, пинцети.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Доброутро! Како сме денес? - им се обрати докторот на тројцата пациенти кои ја делеа болничката соба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Болничарката Стевка дотрча со болничка торба, му поднесе под носот шише со амонијак.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Томо беше сместен во болничкиот апартман кој му го обезбеди Виктор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)