бонтон (м.)
Бонтонот, со сите извиненија и пардони кај нас се остава пред влезот на болницата! Кратко и јасно!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Па, тоа е култура. Зар не сте читале бонтон за деца.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Оди против себе. Ако ти се брза, успори, ако ти се оди, седни, ако ти се живее, умри. Тоа е бонтон.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Признајте што сте и доста ме гњавите! - рече службеничката овојпат обраќајќи ѝ се на опашката, токму како во советските прирачници за тоталитарен бонтон.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)