бранува (несв.)
Фасциниран од твојата креативност и затворот ќе го крстам замок доколку твојот поглед не одговори на импулсите на менталните бранувања.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А морето се бранува со жешките бранови напоено од сончева светлина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Езерото се бранува во сини и црни маси со бели шамичиња од пена. По него се точи снопот на зајдисонцето со запалени класје.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дефинирана рамнотежа меѓу реалноста, наизменично бранување на интимноста без рамнодушност кон постоењето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога медитирам, се враќам таму и го слушам секој удар на ветрот што ја бранува водата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Од темниот ходник придојде матна парталеста маса од затвореници, се збираше во средината на каушот, се брануваше, се растегнуваше возбудено.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На тој личен континент, во белезици невидени маглени спрегови, затворен и сепак достатно облеван со југовна топлина, човекот е со онаков облик како што најмногу сакал да го има се бранува низ движења над бели коленици, над сунѓерести габи и над притаени крвариги.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ја бранувам водата која заплиснува и силно удира во карпите. Остава длабока трага.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се брануваме пред вагоните, се газиме, се пресегаме, ама не можеш врата да отвориш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се брануваа ливадите, шепотеа младите бујни жита.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Јас, како што настапувам, го прифаќам ритмот на музиката и самиот се движам бранувајќи се, скоро не газејќи по подот, речиси лебдам кон Претседателот на Републиката а и тој кон мене.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Нејсе, мислам дека не постои нешто појако од истодобни љубовни бранувања.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Да им се позлати српот, - си прошепна старецот, па ги сврте очите кон ледината над својата колиба, каде што некогаш во неговото вистинско време, пред повеќе од дваесетина години, се брануваа златни жита.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Лево, долж брегот на малото езеро, брануваат високите трски, десно, долж брегот на големото езеро – густ врбјак.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тело гори, оган в срце душа бранува, во таа музика на љубовта оган танго во мене никогаш не застанува.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)