братучетка (ж.)
При следното одење во кино Филип не чекаше пак иницијатива од мојата братучетка за да ме допрати до дома. Самиот ми пријде и ми се понуди.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Сепак, не бев таков тип на девојка, во принцип мразев туѓо, не давав свое, не се плеткав со двајца од исто друштво или роднини, избегнував бивши на другарки и на братучетки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И затоа почна да оди често кај братовчетка си Тода, која нарочно по негова „порачка" ја извикуваше Нешка на калето и ја прашаше ту за едно, ту за друго во врска со него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дури ѝ позајмив штикли од мојата братучетка Едита па изгледав некако повозрасна одколку што бев.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тројца од нас братучедите, односно јас, мојот брат Тома и братучетката Целе смисливме начин како да дојдеме до вкусниот локум.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Секогаш траеја долго, цел ден такаречи, се среќаваа со сестра си Пандора и браќата кои веќе беа оженети, со многу пријателки, со братучетките, секогаш беше многу весело.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Намрштено ми ја подаде раката; јас силно ја затресов, но освен тоа што дебелите румени обравчиња кратко му завибрираа, раката му остана млитава во мојата рака, исто како и раката на братучетка ми Кристина, едно мало, слабичко девојченце со огромни очила со дебели стакла.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Иако на никој од гостите не им значеа ништо имињата на нејзините братучетки, Мариела посебно нагласуваше, покажувајќи со прстот на девојче во шарен фустан, дека девојчето на фотографијата е таа, застаната меѓу Николина и Фанија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тогаш однекаде задишена пристигна и вујна ми Кола заедно со братучетки ми, Стојна и Мара, моите мили братучетки.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А мојата братучетка - Северна Македонка? Моето дете да гледа Северно - македонски народни приказни?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
По обичајот, Крле тргна еден ден по пладнина да оди кај братовчетка си Тода.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Фразата „Туку, можеш ли да ми...?“, во нашата фамилија предизвикуваше ужас, дури имаше жени, тетки, сестри од бабите и дедовците, дури и братучетки кои, кога ќе го чуеја неговото „само за кратко време“, речиси паѓаа во несвест.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога полицаецот се врати, му реков: - Не ја карај бабата. Можеби му е братучетка на Коте...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Бонети времето го проведуваше во селото настојувајќи кметот да ја одоброволи братучетка му Цара, или да му најде некоја друга жена.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)