брачен (прид.)
Поради сево ова, на многумина хетеросексуалци што се дават во брачните води хомосексуалниот мерак по брак им изгледа како ставање трн во здрава нога.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Камбанчето и ќускијата ги држеше во својот кревет како брачни реквизити.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Листајќи ги биографиите на историските големци, прочитав дека и најголемите имиња во историјата на уметноста беше биле влезени во брачни заедници, па некои дури и со истиот пол.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кога се видов идиот, веќе бев во цивилно одело, лежев дома во брачниот кревет покрај мојата животна сопатничка и беше касно за промени на неславното минатото.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Извесни свињарии во брачниот живот се неизбежни.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тоа беше првпат таа да задоцни во времето на тие речиси две години многу сложена, слободна брачна заедница, и тој како објаснување ги претпостави силните врнежи кои ја потопија целата покраина за време на викендот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа млада, а тој богат таа згодна, а тој грд има пара колку сака само алат нема тврд Тој без пара, таа стара тој е згоден, таа сама има само секс без љубов лоша драма крајот шкрт Тој без пара таа бетер тој е згоден, таа гром нема пара има љубов следи брачен бродолом
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Почнете да се потпирате на брачните советници и брзо ќе станете зависни од експертските совети како да го задржите вашиот брак.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Колку мужи и жени после 30 години брак благодарение на фантастичната Клеопатра открија дека нивните брачни партнери ги варале цел живот, а они биле заслепени овци.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Доколку едниот партнер не остварува приходи, хомосексуалното домаќинство нема право на намалување на данокот - што на хетеросексуалците им е дозволено доколку живеат во брачна заедница.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Други велеа дека друга била причината: неиздржливо било вршењето на брачните работи со него бидејќи имал орган неприроден, животински.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тука стои дека вашиот брачен другар бара да се разведе бракот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Единственото несогласување околу брачниот подвиг, беше содржината на поканата која требаше да ги убеди нашите драги гости да донесат пристоен подарок.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Сирота, после толку перипетии во животот, конечно ја најде својата среќа во брачниот живот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Имаше и француски, англиски, венецијански семејства кои влегуваа во семожни брачни и финансиски врски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Луција завршила дефектологија и сега работи во Центарот за слух и говор; солидно заработува, живее сама, а Земанек ја посетува одвреме-навреме, и се разбира, со неа излегува за време на државните празници и партиските прослави, за да ја покаже својата брачна врска пред јавноста.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сестра ми дојде. Мали брачни расправии, па малку во стариот дом на регенерација.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Како што одам кон брачната соба или , не знам, ѝ приоѓам на жената в кревет, минувам кај кујната,како да минувам и, таму, гледам едно куче и три мачки.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)