брецне (св.)
Тој, чувствувајќи дека таа сѐ повеќе се отуѓува од него, та кога ќе седнеа на масата да јадат и кога ќе го почувствуваше присуството на Богдана на масата, ја брецнуваше чинијата со јадење и стануваше да не го чувствува во близина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Марија почесто му доаѓаше да му носи сокови и овошје за јадење, но штом ќе му ги оставеше на наткасната, тој ги брецнуваше со раката и ги фрлаше да не ја види ни неа, ни понадата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
— Смеј се мори, смеј се, коа да не си видела како се гушкаат маж и жена! — пак ѝ се брецна, сега посериозно, мислејќи во моментот дека нему му се смее.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Туа де, дури и вратот на Илка му го виде ти! — ја брецна Стојна Цулева. — Ете, тоа ти се вели стар мерак.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- На таа, - повторно се брецна Роска - на таа ако ѝ ја избришеш шминката и ако ѝ ги симнеш вештачките нокти, трепки и перика, ќе изгледа како гола кукла на излогот од „Нама“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Зошто ти служат очите! - се брецнав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)