брзина ж.

брзина (ж.)

Бевме да ја демонстрираме брзината, што се вели, да нѐ покажат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Науката и техниката се развиваа со невидена брзина и изгледаше природно да се претпостави дека ќе продолжат да се развиваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не морам да подвлекувам дека целата операција мора да биде спроведена со брзина и крајно строго доверливо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние сега со брзина ќе треба да го разработиме нашиот литературен јазик, да го установиме нашиот правопис и да создадеме една наша литература што ќе им одговара на сите наши потреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него сѐ што беше Турчин во градот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја успори брзината на колата и застана на банкината на автопатот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Коњот застана на задните нозе, фркна и се впушти во бесна брзина која беше најубаво нешто што некогаш сум го видел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нов резок пискот на локомотивата ја процепи ноќната тишина и ... бегалците со радост усетија дека возот ја намалува брзината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Брзината се зголемува и јас морам да се фатам за него, да му ги препашам рацете преку половина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во летната кујна пет фамилии готват на еден шпорет, кој на волшебен начин ја има смалено моќта и брзината, па со часови чекаш да дојдеш на ред.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И во таа брзина и мојот живот некако избрза, се истрга и еве ме уште жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш ми проструи низ целата телесна мускулатура една морница која со молскавична брзина стигна до мозочните ќелии.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Брзината на возот е сведена на човечко одење.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Наеднаш на раскрсницата од главната улица по која се движеше, еден црн автомобил со огромна брзина сврте во уличето кај бакалницата по што се слушна силно шкрипење и многу гласен но тап удар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не се симна на Сен-Силпис, тоа го знаев уште пред возот да почне да кочи, тука е онаа подготвеност на патниците, особено на жените кои нервозно ги проверуваат пакетите, го затегнуваат капутот или гледаат отстрана кога стануваат за да ги избегнат колената во оној момент кога губитокот на брзината ги врзува и заглупува телата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротивставуваме на другите православни Словени, како што се спротивставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да нѐ достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе