брои (несв.)

Ќе си замислуваат желби и ќе бројат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Броев и видов дека двапати го спомна, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На, земи! (Му брои на рака три златници).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На челото твое глеј, желби се бројат, во срцето врело рој желби се ројат: - Да пораснеш голем, да надраснеш џин, на мама, на тато да си свиден син.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
За пример да кажам, број му ги зборовите и нема да изброиш повеќе од десетина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Децата ќе се држат за скутините од мајките и ќе бројат ѕвезди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си бројам така наназад, се думам кога се видовме последно со Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш не се ни трудеше да брои колку чашки испил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама некои офицери сакаат да ги бројат за пленици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги броеше сѐ додека не премале од напор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Уште до половината година ги научи сите букви, а веќе за броење и сметање знаеше до сто и турски, та дури и грчки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега брои на прсти - колку години не спрострела на сонце дреи и да си избели.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Командантот гледа низ пушкарницата и брои: - Петстотини... четиристотини...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш извадил од пазувите едно кожено ќесе го отворил и почнал да брои на трпезата жолтици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слушав дека Париз броел десетина милиони жители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа се запре на искршената кола со слабо хранетите коњи, на кои ребрата им се броеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега го брои само времето на бродоломот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тоа е позната стара работа превркнам — препукнам прегач — особена унечка со телови прегос — денот после венчањето кога се пие блага ракија предотина — прежда преѕалувам — претерувам во нешто пресек —ѓутуре (спаилакот се зема ѓутуре без да се бројат снопјето) прид — пари за невестата без кои во Мариово не ја даваат родителите девојката прикрепник — мажот ми (мојот прикрепник) принова — новородено дете припрто — кусо време проведи ме (од кучката) — одбрани ме провирач — камен со дупка преку која се провираат болни и бездетни жени проводија — подарок во пари на невеста и мало дете пролетнина — пролетни посеви промрткам — не се согласувам, си пишманам проскомидија — дел од црквената литургија прочврча (сланината) — се испржи пцалт — црквен пеач пувка — врста печурка, габа која е мека и пувка кога ќе ја стегнеш со прстите пупулче — младо девојче, пупуљак пупурник — кржлаво дете, рахитично пурде — име на машко дете дури да го крстат пуст — ничии, без стопан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фабриката за шеќер денес е акционерско друштво во приватна сопственост на странски газди од соседството, кое делува во рамките на прехранбената индустрија и моментално брои околу 150 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе