бројност (ж.)
Си имаше многу мака со заемките придавки, кој по бројноста и фреквенцијата на употребата доаѓаат веднаш по именките.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во создавањето на грчкиот алфабет по пат на прилагодување на феникискиот систем на писмо кон грчкиот јазик во целост е сочувана парадигматиката на протосемитскиот систем, при што под парадигматика го подразбираме редоследот на графемите, нивната бројност и нивните меѓусебни односи во рамките на дадениот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Под Големиот Брат е Внатрешната партија, чија бројност е ограничена на шест милиони луѓе, или малку помалку од два отсто од населението на Океанија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Постерот беше излепен на секое празно место по ѕидовите, надминувајќи ги по бројност дури и портретите на Големиот Брат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие понатаму се делеле на разни начини, носеле безброј различни имиња, а нивната бројност, исто како и нивниот меѓусебен однос, се менувале од ера во ера: но основната структура на општеството никогаш не се менувала.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)