брчи несв.

брчи (несв.)

Ми брчат ушите од луѓето и од некој звук останат од возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прескокам еден водоврик на свијокот и туку се зададе некое силно брчење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Внимателно го следев умирањето на пчелиното брчење и гаснењето на цвркотот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Брчат ко оси куршумите и удираат во ѕидот од куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оддалеку веќе се гледаше како стои покрај Неда во црквата и како, некој поп брчи околу нив и ги врти околу бурилцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Под тремот црквински редачките веќе клаваа за ручек и нешто постојано брчеа со устите, како и мувите над котлите со манџа. 13
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој и шумарот седнаа во џипот и заминаа. Брчењето полека се губеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но нивното брчење се вклопува во мозокот и го дразни повеќе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Моторот од камионот работи, брчењето им ги покрива зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Севезден ги брчи имињата на апостолите. Го слушам и мислам дека паѓам во бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Упорно брчеа муви, упорно беше здодевно и запарно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ама си мрмори човекот, си брчи под носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакаше да признае додека го слушаше брчењето на комарците: Јана не беше како сите други, дури како и онаа Марија, неговата последна љубов, нејзината младост сѐ повеќе го жежеше и го фрлаше во очаена осаменост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му реков: Брчеа авиони... Можеби нивниот брчеж ти се присторил како тенкови...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Денот е јасен, весел, ветувачки. Пчелки си брчат по бавчата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Планината беше поклопена со голема кошница. Луто брчеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
— Без љубов и смртта е безначајна, вика Горачинов, се надвикува со брчењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе