бунт (м.)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Во приливот на шепотот на млаките бранови на ветрот носеа до него чудни зборови само по звук оформени во протест и бунт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако народниот протест во верските и училишните работи, во кои општините треба да се признаат слободни, се покаже од заинтересираната пропаганда како бунт со државна боја и се бараат државни мерки против бунтовниците, тогаш народот и интелигенцијата треба да се обрнат кон конзулите, како кон арбитражни судии.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Социјализмот, теорија што се појави во почетокот на деветнаесеттиот век и претставуваше последна алка во синџирот на мислења што се протегаше назад сѐ до бунтовите на робовите во Античко време, сѐ уште беше сериозно заразен од утопизмот на минатите времиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури и жртвата на руските чистки можела да носи бунт во главата додека одела низ коридорот, очекувајќи го куршумот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од вакви села беа оние што носеа во своите тупаници бунт, што прашуваа каков живот ќе бранат.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Или ќе биде победена однадвор, или управува толку неефикасно што масите се креваат на бунт, или дозволува да се формира силна и незадоволна средна група, или пак ја губи самодовербата и желбата да владее.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Натпреварот за најдебела Американка нема да биде толкуван како карневалски бунт на грдото тело против убавото, или барем како негова логична спротивност, туку попрво ќе биде налик на административно допуштање на демократската Америка на постоењето на алтернатива, варијанта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Морав да зборувам гласно и да раскажувам приказни од конференцијата за екологисти за да го придушам бунтот во мојот стомак.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И тогаш стана бунтот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секаков вид на организиран бунт против Партијата, кој беше осуден на неуспех, ѝ се чинеше глупав.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По изгубените надежи во приврзаниците на Младотурската револуција и надежите што ги пробуди побунетиот офицер Нијази Беј од Ресен за европската разврска на бунтот, настапија балканските, па светските војни.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Слушам од тебе — од мене оти најсна ќе правеле тиа неранимајковци некој бунт, ама кога и каде, право да ви кажа и мене не ми кажуат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Додека газеше низ плевелот, си го слушаше дишењето, како му свири низ носниците, и тогаш сфати дека целото негово тело е во еден вид бунт.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со татко си не разговара. Само го сеќава како голема тежина неговиот бунт и здодевност и тага.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
– Нека е на помош света Богородица – благослови калуѓерот и си го затвори тефтерот, па божем некако загрижен за овие добри рисјани што дадоа олку жито за Богородица, запраша: – Е, што мислите да правите ако ве нападнат пак Агарјаните? – и си го кладе тефтерот во торбата со имињата на водачите на бунтот. – Што мислиме, ние рековме, оче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Физичкиот бунт, или секоја друга прелиминарна акција што би водела кон бунт, денес е невозможна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Арсо со мислите е некаде на друго место, далеку од оваа строга замраченост во која ведрите утрини згаснуваат и во неговата душа се раздвижува нејасен и плаховит бунт.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Сите тие сакаа од експериментот, од бунтот, да направат закон. Сега, некои се институција, некои заборавени.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)