бургија (ж.)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сепак се врти. Парите вртат каде што бургијата не може
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Брмчењето што го слушна пред себе ја натера да застане на патеката и истиот миг виде една колибри - црвеношијка што брмчеше и се врткаше меѓу криновите, како некоја бургија што дупчи, оддалечена од неа колку една спружена рака.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Четвртиот ден ја отвори вратата од плевната и во неа влезе, во рацете со копач и лопата, со бургија, со кламфи и клинови, со колци и токмаци и тука чиниш во земја пропадна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„... Ама бургијата на Еда не му се разврте во главата како што треба.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја проба тамбурата дали е нагласена, ги понаплука бургиите што ги стегаа теловите, засвири и викна да пее: Отруј се, отруј, Мишо, мори, Зошто да си жива!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Во сите времиња било така”, вели слепиот Тимон: „кај дупи парата, не дупи бургијата...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)