вбризга (св.)
Потем настапува ерата на долгото молчење обоено со жолт контраст вбризган во крвта.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Имате маестрална меморија на потеклото
(и шизмата ви е промислена!)
инстинктивна, интуитивна, прецизна
недвосмислено втисната во гените
мрестењето е обред на жигосување
стариот се вбризгува во новиот свет
на седумстотини метри
под морската површина, јасно е
- езерото не ви е доволно длабоко
ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бидејќи самата форма на бродвејскиот мјузикл функционира како преносник на машката геј- желба, никаков просветлен обид во самиот мјузикл да се вбризга некаков тематски елемент на геј- идентитетот – за да се направи неговото гејство поотворено, за да се дополни со некоја геј- тема – воопшто не би го направил погеј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)