ведар прид.

ведар (прид.)

Вакви ведри очи има таа и ситно бело лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вистина, класјето пак се занишаа но го кријат ланскиот траг и нѐ чекаат ведри да замирисаат вашите насмевки пак.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тоа сега го исправи своето главче и зачудено се загледа во него со своите ведри очички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се обидуваа на разни начини, раскажувајќи му вистински ведри случки од нивниот градски уличен или училиштен живот, по нешто и измислуваа, додаваа, но малку, барем во прво време, можеа да му помогнат на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стои неподвижен и чиниш чека гром од ведро небо да се огласи и да го удри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ветровите што со тебе ноќевале излетаа ко црвени пеперуги Патува сега таа румена шума таа добра сенка на твојата смиреност таа ведра чадовина О ружо на пладнето дали тоа во нас се населува нова вртоглавица Во белиот камен покрај патот израснува еден румен знак Твојот цут во каменот се враќа Дали е тоа предзнак и за нас што дојдовме многу од далеку во тихиот предел на спомените.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денот беше ведар и топол и имаше многу сонце и пурпурна светлина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Воденичен камен и ведро лице на ноќта. О уморена душо на илузиите на каменот и на земјата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во таа жива и занесна, толку драга какофонија на гласови шумови, џагор, ведри повици, цивкање на деца, од некаде се слуша тажникав звук на вергл.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овие патувања се одвивале во избрани места, се минувало низ „тунели” кои воделе низ избраните рајски предели, тераси- градини на ридовите, ведри и насмеани колони работници, за да кулминира пропагандата во музеите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
О ведар пријателе од сништата Убавината е зачуден предел Збунет ги откривам итрините на волшебникот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На крајот овие две другарки ја поканија на ведра забава, а не на исповед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само што ја направи оваа брза анализа пред вратата се појави ведра жена во полн налет на зрелоста чии телесни атрибути кажуваа дека држела до себе , ни грам вишок килограми, ниту една брчка на лицето; веројатно негувано со скапа козметика, помисли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Минуваш по ова беспаќе стокмен од моите соништа а сепак и жив и ведар.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Доаѓаат како грмотевици од ведро небо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Паѓам само во некоја празнина. Ко ѕвезда што паѓа од ведро небо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме очекуваше познатото ведро лице на шефот на дипломатскиот протокол на претседателот на републиката, познаник уште од времето на предавањето на акредитивните писма на претседателот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе