ведне (несв.)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Мене оваа каменеста родница ме родила и овие стебла веќе што се веднат во кората моето име го чуваат.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ја засеков гранката, се заниша таа и од тежината на моето тело почна да се ведне.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ги надживеав сите добрини и зла и сега небидница мојот грб го ведне.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
А веќе се ведне за да ги задави своите корени и својата самотија.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Луѓе, вие што доаѓате да ги починете очите во мојот костур ме снашла старост и сув јас веќе го веднам својот грб кон посницава.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Луѓето се веднат и им се тргаат од пат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се веднеа под тежината на спуштеното небо над нивните ќулавки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Врбата гранките тешки ги ведне во тиха премаленост.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Дури и ведна со главата до под гранката како да ќе ѝ подаде рака да ја поткрене.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го најде седнат крај тланикот до огништето, со лулето во растреперените старечки раце и главата ведната.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Соња се ведне да го сврти листот од нотната тетратка и ме допира со косата...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ја ведна главата покорно и уште попокорно ѝ нарача на снаата да им стави вечера, го нагости арамијата, поприкажува со него и кога стана овој, дедо Бошко си рече дека ќе здивне.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Не си деклариран, разбираш? Толку ли ти е тешко да се декларираш? Па еве и Земанек...“, рече без да заврши, без да ме погледне во очи, онака свртена со грб и јас гледав како полека ја ведне главата и дека плаче; ребрата ѝ се ширеа и спуштаа како кај кораб неосвоен од туѓ морнар.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
ОБЛАК Се ведне тој над погледот и окото на светот облак голем како чудовиште сал сонот на земјата што го памети што секој час може да се истури во пределот на срцето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се веднеше за да собере некој овенат лист, или бубачка, или да откине некое гранче зафатено од лисни вошки, или да го собере ѓубрето околу коренот на растението ако се сомневаше дека тоа не се храни доволно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Едо наместо да ѝ одговори, се ведна кон својата патна торба и го приотвори патентот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)