великан м.

великан (м.)

Зар да го осудиме принцот на Честољубието Ние што знаеме од најрано детство Дека речиси на сите паметници на великаните Високо кренатата рака од бронза Иако празна нѐ храни со надеж!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во посебно сеќавање ни остана на сите присутни амбасадори од стотина земји предавањето на тогашниот Претседател на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов и претседател во еден период на Генералното собрание на Обединетите нации. Го сметаа за еден од великаните на југословенската дипломатија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Може да се рече дека тие беа по исклучок погребани во рисјанските гробишта, макар што некои тврдеа дека Алејата на великаните е излезена од верската линија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред десетина дена во резиденцијата ни беше на дипломатска вечера гостин амбасадорот на САД во Тунис и при Палестинската централа Робер Пелетро, кој се сметаше за еден од великаните на американската дипломатија во арапскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Последната средба со поетот Махмуд Дарвиш ја имав кон крајот на 2007 година во Струга кога тој се овенча со поетскиот Златен ловоров венец на поезијата, вредувајќи се меѓу поетските великани во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку и да е интересно разгледувањето на овој музеј, полн со разни гробови на француски великани, потоа со сето она што останало од историјата, неусетно ве зафаќа замор кој затапува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Климент Камилски беше првиот човек којшто дознаваше во тоа време на Балканот за Татковото сродство и блискост на Татко со еден од великаните на нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше неколку таткови сонародници и од иста вера, истакнати партијци комунисти, со некои од нив животот повеќепати му се вкрстувал, а овде беа погребани во Алејата на великаните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По испиените први голтки кафе, станува директорот на театарот од Тирана и ни се обраќа со зборовите: - Драги гости, браќа, имам чест да ве поздравам и да ви изразам добредојде во нашата земја, токму во времето на прославата на стогодишнината на великанот Сталин!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа ѝ реков, онака, неодредено, дека овде на Алејава на великаните треба да бидеме сериозни, дури и внимателни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Минавме крај гробот на славниот крајезерски поет Лазгуш Порадеци, еден од великаните на албанската поезија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Апсолутно нејасно, каква е таа искра огин што пали која не згаснува, како некој до вчера великан што бил, станува мал.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, – дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Многу години подоцна, уште еден великан, Жан Кокто се обидува да ги спознае тајните на опиумското искуство и, очигледно задоволен со доживеаното, во 1930. година, во книгата Опиум пишува: „Некои зборуваат за робувањето на опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вилијам Бароуз е еден од тројцата литературни великани на 20-тиот век, кои го разбија, растворија, трансформираа и дигитализираа англискиот јазик; го насочија и стробоскопираа во холограмски слики на дваесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тунис одамна беше и вистинската дипломатска оаза, еден вид резерват на великаните во дипломатијата, во која ги минуваа последните години на животот, дотогаш стари, искусни дипломати, прославени во нивното време со најразлични подвизи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќето великани на немиот филм, кои беа под влијание на Грифит, како Штрохајм, Ејзенштајн, Мурнау, Лубич, веќе се мртви; другите кои сѐ уште се живи, веќе не работат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе