велосипед (м.)
На чистинката меѓу грмушките непознатите седеа околу огнот и со внимание ги разгледуваа нашите велосипеди.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Велосипедите и онака нема да успееме да си ги земеме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Раката на дедо ми Дедо ми Борис Кривошеев носеше штипки на ногавиците од панталоните кога го возеше стариот руски велосипед.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
А на оние шутраци, цариниците, ич да не им текне ниту за стариот и новиот велосипед и ниту за шуплината во дрвената нога.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Местото на велосипедот е во подрум.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Требаше и за велосипедот да им кажам, згрешив, сега уште повеќе може да се искомплицираат работите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Иако во градот често трчаше со другарите по топката, возеше велосипед по улиците на населбата, вежбаше на справи во фискултурната сала на училиштето, не можеше да стане ни збор за некаква споредба меѓу издржливоста негова и на Бојана.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога дојдоа до улицата, застанаа, погледнаа налево и надесно и бидејќи не се гледаше ниту еден автомобил, велосипед или некоја кола, се стрчаа на другата страна.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
- Кога ќе се разбудам попладне, прва задача ми е да проверам дали е дома велосипедот, постојано стравувам дека негде патем можеби случајно настрадал – ми ги доверуваше Господ мачнотиите на својата живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На осумнаесетгодишна возраст го доби првиот велосипед со помошни тркала (неговите другарчиња одамна имаа научено да возат).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Како малечок многу сакав да возам велосипед. Татко не сакаше да ми купи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Никогаш не извлекувате никакво искуство. Тоа станува смешно. Па мечка во циркус научува да вози велосипед.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во Полска границата ја поминував пеш, туркајќи пред себе стар велосипед, а понекогаш и нов.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Велосипедите со Јанош беа нешто посебно, за памтење, но обично патував со железницата или авто-стоп, налето спиев во вреќа по плажи и на клупи по градските паркови.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сакав да возам велосипед, но не можев да видам како тоа го правеа другите, професионалците, вистинските натпреварувачи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)