верига (ж.)
Тоа е грижа на џелатот да го зачува него од дивата сурија затесната меѓу ѕидовите и веригата војници.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потоа стави во котлето вода до половина и го закачи на веригата од оџакот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Самото дело на Гедел е впрочем една алка во долгата верига скована од математичарите за прецизирање на овој поим.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Го запали огнот, почека да се разгори, па закачи на веригата котле со вода.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ја чекам полноќната верига која што ја означува крајната точка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не беше еден крик, беа верига крикови, кои морничаво, иако ништо и никого не застрашуваа, одекнуваа над снежната ноќ. Тоа беа жерави.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од тоа сепак ќе имаат корист, така, нема да им ги закачи тешките вериги.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Tinguely впрочем обликуваше дела какви што се Подарок за New York и План за пропаста на светот, во кои раздвојуваше и конструираше машини (од часовничарски механизми, федери, погонски вериги, ламели, запчаници и други механички елементи), коишто се изложуваат самите, а при тоа произведуваат дури интересни звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во тој момент гледачот се вплеткува во имплицитната Ешерова верига од нивоа, во која над секое ниво има некакво „вишо“ ниво на поголема „реалност“, додека под секое ниво постои некакво нижо, „поимагинарно“ ниво.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)