весели несв.
весел прид.

весели (несв.)

Тој ја наду гајдата и викна да пее колку грло што го држи, бидејќи целата таа радост се правеше за него и тој со полно право се веселеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само човекот може да се смее и весели.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сите млади коњарки беа дошле во дворот од Силјана за да ја гледаат радоста; сите се радувале и се веселеле; само Силјан штркот стоел на таткова си куќа омаудрен со главата в земи, од голема жал што му дошла, дека ја гледал од сестра си свадбата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Играа и се веселеа сѐ до пред зората, а потоа се разделија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Продолжи веселото друштво на масата да пие и да се весели, а јас овде продолжувам да го водам антисталинистичкиот бој како амбициозен балкански Дон Кихот со бункерите – ветерници и наредбодателите на нивните градители...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- А со што јас ќе го веселам овој свет и како ќе го прославувам раѓањето на секој цвет?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Разнесените парчиња од институциите им паѓаат врз главите на луѓето, дождови од камења и арматури врнат врз нив, а тие се веселат а уште погласно извикуваат во мојата чест и слава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ајде да се веселиме! Ајде да удриме на играње!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
9. Вечната борба на ноелемакот за преживување, ми правеше да се веселам на ова суштество и на неговата одважност да си земе име спротивно на камелеонот, и така да ме направи да изгледам паметна.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
1. КОГА МЛАДИТЕ СЕ ВЕСЕЛАТ, СТАРИТЕ СЕ СРДАТ - не затоа дека таквите веселби ги плашат, ами дека во тој ритам не смогнуваат да мрдат без коска да исчанчат ил' око да вџашат ...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сега чинам Францељ, ти мислеше поинаку кога нѐ веселеше нас: барем уште еднаш со Минца да минете по зрелиот разбушавен клас.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сакам да кажам дека робијата е отмена работа, бидејќи човекот таму страда, зарем не, додека свеченоста во Неи е простачка работа, бидејќи човекот таму се весели. Таков е човечкиот живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ќе јадеш, ќе пиеш, ќе се веселиш како нив. Кадијата ќе ти купи таками поарни од нивните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Животот ти е донегде како огледало: насмеј се, ќе ти се насмее, намурти се, ќе ти се намурти. Поарно да се смееме и да се веселиме!...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А тој гледаше што се случува и се веселеше во себе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Санките беше отишле многу, многу далеку од лагуната кога од слабата точка на куклиното срце, излегоа зборовите: - Па, нека се веселат во чест на Нова Година.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе