ветеринарен (прид.)
Се вработи во Ветеринарната станица во градот, наутро одеше на работа, навечер се враќаше, но сето тоа го правеше без волја, не чувствуваше задоволство од работа со ајвани.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Најстариот брат, откако го заврши средното техничко училиште, хидроградба, веднаш се вработи, а потоа и другиот брат, кој заврши средно ветеринарско училиште, исто така се вработи во една ветеринарна амбуланта, во едно поголемо село во Западна Македонија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„За инекција може да ти стави и Бале Цуба, има завршено ветеринарно“, рече Михајло и ги достегна забите за да не се насмее.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)