ветрее (несв.)
Чекаше. Секоја саботна вечер, таа го отвораше невестинскиот ковчег, ги вадеше, ги ветреење и редеше невестинските шејови: првин својата невестинска руба, сета со чипки и тантели, белата невестинска шапка венче со прозрачен долг вел, белите чевличиња со срмени копчиња.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Не си го ветреев умот по што било како некои.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Фоте не му даде на Боге евентуална можност да се согласи, туку поучно го крена показалецот: - Пивото не се пие од две чаши. Ветрее.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Маре го начека: - За разлика од ракијата, која не ветрее до изутрина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)