веце ср.

веце (ср.)

Тогаш ме разбудија комшиските џукели и тргнав неминовно до веце да мочам а потоа седнав веднаш пред компјутер и почнав ко Фројд да толкувам сништа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- Ајде марш во веце ти прв, па после сестра ти! Цел живот ли по вас ќе чистам!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бидејќи овој артистички правец, очигледно, лесно ја менуваше публиката, станав и се обидов да најдам веце.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Влегов панично во мало веце и, на получисто огледало, со молив за естетика пишував, бришев и одново ги упатував стрелките.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Скокнав кон вецето, пиев долго и направо од чешмата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Чекајќи ги децата, испотена како од сауна излезена, одам да се истуширам во вецето што е на крајот од дворот и ја слушам како ми се фали од далеку: „Реновирано е, сѐ е ново во бањата!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Јас ќе одам прв во веце! - го слушнав братучед ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакам да мочам у нормално јавно ВеЦе, а не позади НаМа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Скратениците можат целосно да се осамостојат како именки, и тогаш престануваат да се сфаќаат и да се третираат како скратеници. • Ако се имиња, се пишуваат само со почетна голема буква: Бенелукс, Гестапо, Интерпол и др. • Најчесто се осамостојуваат скратениците што се општи именки: сида, ласер, радар, веце, цеде, уесбе и др. • Со оглед дека една од карактеристиките на скратениците е нивната неменливост, наметнатата потреба за нивно формоизменување значи дека тие престанале да се сфаќаат како скратеници, односно стекнале статус на општи именки или имиња.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)