веѓа (ж.)
Полицајците нѐ гледаат, а ни око да им трепне, ни веѓа да им се крене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Наближувам кон луѓето, а тие ги привсениле веѓите и крв немаат на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вечерта го видов агентот како се движи по улицата и гледа со светкавите копчиња под виснатите веѓи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Беше тоа висок старец, исправен, строен и впечатлив со својата бела брада, бели веѓи и високо чисто чело.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И војна во оној априлски ден кога се увери дека поднаредникот сепак имал веѓи над слепите очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Очите ѝ беа пропаднати во длапките под веѓите и беше многу видливо дека сосила ѝ ги затворале.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Стариот веќе беше доста одминат кога братучедите решија да се погледнат под веѓи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го прашувам шанкерот зошто има голема брадавица на левата веѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свиа кораво.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Тој ќе се искиваше во дланките тресејќи ја главата како да клука, ќе ги избришеше темните танки усни и одново ќе мрднеше со ретките веѓи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Одозгора потпалувањето обично почнува со спотнат галеж веѓа на веѓа а одоздола, секогаш и без исклучок со нежен скокот на малото прсте на левата нога.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ама само поминуваш со раката преку устата, преку веѓите и раката ти се полни со вода.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Замислено смршти веѓи, истри чело, подзамижа очи, аман никако да ѝ текне во кој град живее синот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Снегулките ми застануваат на веѓите, на трепките и ми се топат надолу по образите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Се знае, - шепна Митре и ги смурти веѓите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ами веѓите? Види, види, жено, цели пијавици! Била, та се рекла песната: „Нешкините веѓи, црни пијавици".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вдлабнатите очи му гореа под веѓите, кои личеа на стреи, коцкестата брада со расцеп му беше издадена нанапред, а кожата на безмесните вилици му беше цврсто оптегната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од веѓите до малото прсте едночудо снежни клавирски дирки по кои како низ тврди белутраци се слегува до бунарот на старите мечти.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)