видлив прид.
видливост ж.

видлив (прид.)

Преобразбата на видливото во невидливо, препознатливото во непрепознатливо, е чин сличен на жестоката преобразба на семантиката в земи: се преповторуваат вековните процеси на трансформацијата од семенката до плодот, обликот на идниот плод го прима обликот на претходниот, но, не се преповторува времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Видливото, реалноста, има смисла да егзистира во феноменот на научниот контекст.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кои се единствено видливи од оваа положба на некаде и никаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Очите ѝ беа пропаднати во длапките под веѓите и беше многу видливо дека сосила ѝ ги затворале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Авторот се исплаши дека видливо му се вцрвенуваат образите од посраменост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нив ги заменија сѐ уште не толку видливите германски војници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зашто, ако заминеше и на негово место се избереше нов секретар, тој сигурно веднаш, штом ќе ја отвореше касата, ќе дојдеше до тајната директива и можеше да ја активира поради видливата агресивност на козите и со тоа би напреднал во кариерата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како видливи демаркации меѓу нациите и луѓето, границите се клучни во конструирањето на идентитетот и културата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Беше уморна од лоши соништа и со разголени стаклени очи под кусите клепки додека сето лице покриено со видлива пајажина на влакненца и беше неприродно набелено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На тоа лице не му пречеа видливите брчки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа гордост имаше непосреден контакт или произлегуваше од она што беше нејзин лесно видлив белег како жена која нежноста и убавината ги спојуваше со пословичните карактеристики на спротивниот пол, покажувајќи ја, во вистинските моменти, силата својствена за мажите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се надвладее видливото за да му служи на невидливото – еве го живото на поетот“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во секој момент напнатоста во тебе може да се претвори во некој видлив симптом.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во просторот без видливи граници почнуваше да се одигрува репризата на грозничава драма.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Андон беше висок, со долги раце до коленици, со нескладна конституција, најмногу заради вродената мана левото рамо видливо да му биде поткренато во споредба со десното, при што крупното тело, со нагласена комбинација на испупчени коски и разиграни мускули, смешно му беше свиткано на десно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе