викенд (м.)
Секогаш за викендите пушташе гласно музика и пееше низ дома.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Аргументите на овој напис одат до таму што говорат дека инфекцијата со ХИВ не мора да заврши со СИДА, но стилот на живеење кој во себе ја вклучува употребата на вакви дроги и поминување на цели викенди во играње го слабее имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тоа беше првпат таа да задоцни во времето на тие речиси две години многу сложена, слободна брачна заедница, и тој како објаснување ги претпостави силните врнежи кои ја потопија целата покраина за време на викендот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сакав да прашам што точно значи тој збор, ама се премислив, оти и онака му го сфатив значењето – Дена овој викенд очигледно ќе биде во моја надлежност и самата ќе треба да се снаоѓам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Имаше нешто неприродно -
разлика во времето, грешка во сонот
во жената двојство
ти во едната рака држеше стрип
или викенд роман, со другата
ја тешеше, искуството
не ти помагаше да го прикриеш
„туѓиот говор“, книшкиот изговор
мораш, значи пред тебе животот
се отвора како покладен портокал
дива циклама, праизведба
мораш, значи немаш објективна
причина туку мотив, емотивна мечта
некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8
некоја друга Семирамида или прислужничката
ах, мамката на анонимните жени
отровот на тривијалните судбини
барем да исчезневте сосема
да не морам да го слушам, да не морам
да го повторувам „гласот на ткајачката“
крикот на кросното, јавката на откинатиот
јазик, нејзиниот, мојот
нејзиниот
мојот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од дома излезе од предната врата и ја извади лимузината, која ретко ја користеа за викендите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еден викенд отидовме во Маврово, во куќичката која ти ја правеше со голема љубов, со години, камен по камен, даска по даска.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Посебни денови се саботите. Некому викенд, нам главен пазарен ден од онаа страна на тезгата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Викендот помина. Помина и целата следна недела. И следниот викенд.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тие неколку години на специјализација се лиши од многу мали и поголеми задоволства што ги дава животот, од попладневни одмори, викенди, летувања…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А ако минатото се повторува во иднината, дали некогаш луѓето пак ќе имаат опашки и дали преку викенд среќно ќе врткаат со нив како што денеска им вртат пропелерите на глисерите кинисани кон островот Сан Микеле во Венеција, на пример?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Еден викенд отидовме во Маврово ние петте. Каква прекрасна дружина!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И веднаш си правам филм за тоа како ќе изгледаат викендите по десет години во некое село на периферијата од градот, во мала баракичка Хот и Хот и двор, не поголем од триста метри.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Празникот Преображение поминал и сега сѐ околу него е тивко и во неколкуте викенд- куќички поназад таму, на местото на некогашното големо село, е тивко.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Викендите одеа во природа со децата, а преку лето целото семејство заедно одеше на море и кога се враќаа поцрнети и освежени раскажуваа за нивните „морски авантури“.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Преку викенд обично јас и мојата сакана фаќаме магла и шетаме по егзотичната околина: Санта Барбара, Риверсајд, Лагуна Нигел... или безгрижно тулумариме по широкиот спектар од киносали, паркови или барови што оваа цивилизација го пружа.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во последните пет-шест години, додека таа сè уште работи во ДУТ „Спектар“, работното време воопшто не се почитува, па често се случува да се работи и по 12 часа, а работниците се принудувани да работат и за викенди и празници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Заминувам за викенд во Грција, на Халкидики.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)