викот (м.)
При викот мајчин народот стаписано се стресна и нејзи пат ѝ стори мал.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Со викот и галоп го следеа коњот на Кузман десетте јунаци смели.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
По пукотот се разнесе силно лелекање и викот, како и постојано пукање на камионот, кој пламна зафатен од пламења.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Го слушаше само нејзиниот глас. Со викот ја предупреди колоната да застане.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не можејќи да излезе во првиот здив, онака ужасно надојден и разјарен, викот му го распара грлото и згина без одзив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Викаше, стенкаше, плачеше од болка. И ми се чини дека и викот и плачот и лелекот ѝ личеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Свадбарите викаа, пееја, тапаните тумбаа, свирките пиштеа, се разлеваше викот на сите страни.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Некоја набожност трепереше во воздухот. Ни глас ни викот се слушаше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кој ќе посведочи ако не ние за болките и чемерите, за плачот и лелекот, молитвите и солзите, за исчекувањата без крај, за пожарот, за викот и крикот, за ужасниот пораз, за откорнувањето и патиштата што сѐ подалеку нѐ водеа од дома и надежно ќе проречи дека по години и по времиња пак се ќе биде наше?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Стивнати хакхами мислат на одведувањето на Израилот во вавилонското ропство и на повторената судбина, барајќи со сета моќ на своето примерно духовно поимање, среде општиот очај, викот и пискот - причина за суровиот гнев на Севишниот, додека хазаните, псалтирите при синагогите го мислат кадишот, молитвата за умрените што, чувствуваат, отсега натаму ќе биде непрекинато кажувана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
во општиот викот се мешаат гласовите на: бозаџиите, шеќерџиите, лимунадџиите, леблебиџиите, симитчиите, салепчиите, опинчарите, качарите, јажарите, навланџиите, сарачите и разните други предмети.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И четири часа во жештина летна планините ечат и бојните труби, и екотот страшен со викот се сретна, во усои горски со одек се губи.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Па сепак, само за миг, каква само застрашувачка сила избиваше од оној викот на само неколку стотици грчеви !
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во училницата е викот и смеа, а ние сме скиселени.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но и при сиот викот, него не го допре ни врв острило.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)