виновен прид.

виновен (прид.)

Не можев да се ослободам од чувството на виновност поради недоразбирањето што очигледно произлезе од моето сосема случајно поврзување на Јапонките со присуството на девојката в бело во претсобјето на вујко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ќе видиме дали си виновен или не си - му одговори џандарот и му ги врза лисиците.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И за тоа престапно поведение се прави сега виновна Русија, и тоа официјална Русија што немала ништо заедничко со нејзиниот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој збор кој ви го говорам е глупав и виновен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да бидеш виновен за нешто што не си го направил.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нешто му велеше дека дедо му можеби не е виновен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Скокнува од креветот, стои исправен во недоумица и виновно се смешка на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И така, Евреите станаа виновни за своите страдања, за секое злосторство врз нив брат ми најде оправдување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега ги гледаше како се оддалечуваат, нишајќи се во длабокиот снег и еден миг се почувствува виновен оти толку многу го очекуваше токму овој миг кога ќе им го види грбот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Популарната култура наводно претставува најголема закана за општеството; меѓу другото е наводно виновна за тоа што младината сѐ помалку чита и станува сѐ поглупава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како што гледате за многу наши тешкотии: не родило доволно, не е направено убаво, не е сторено навреме, изгорело, овенало, 'рѓосало, распаднало, снемало, задоцнило и ред други работи, виновни сме самите, со нашиот јавашлук, со нашето непочитување на времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се обидов да му кажам дека не сум виновна и дека ме принудиле да дојдам на сослушувањето; тој не сакаше воопшто да разговара за тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Такви сме ние, помислував, се качуваме секогаш во возот за кој се знае дека касни, а за долгото возење и за задоцнувањето на целта ја прогласуваме виновна судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа не му реков на Симон Наконтик дека тој не е виновен за закланото воле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе