виртуозен прид.

виртуозен (прид.)

Виртуозната предигра го распалува цвеќето и мирисот се шири насекаде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Несомнено е дека е виртуозен писател.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не сакам да заборавам, целиот живот ќе се сеќавам на една бела зимска ноќ, на хармонијата и виртуозната слобода на снежните кристали, кога се заколнавме на вечна љубов која ќе трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Околу неа жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.”
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Оваа музика беше виртуозна работа и Дејв се надеваше дека можеби ќе го насочи Ренди кон други уметнички форми.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)