витешки (прид.)
Витешката покана ја добив поради неучество во масовен потег, кој ветуваше индивидуално бенефицирање.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Оној млад човек кој и додека чекори се чеша од стапалата до главата и назад ќе стигне до бедемите на друг град, и ќе посака таму да влезе, но ќе го убие еден витез, кој неколку дена пред тоа ја освоил својата сакана на витешки натпревар и ѝ испеал песна, со рими искажувајќи ја својата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)