вишти несв.

вишти (несв.)

Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Виштат, топотат чужди коњици долж езерото, околу тврдините на Асамати и Пелагонија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ad patres, ad patres Има еден коњ, скока од рид на рид и од век во век, ноќем вишти под ѕвездите на Азија, утринум гребе, раскопува, ги буди оние на чии бедра вземи сè уште болскотат нивните сјајни мечови и го раздиплува големото македонско писмо - како единствена насока на Европа кон Исток.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ноќва, од пределите на детството, би стигнало нашето црвено ждребе, за да го помилувам и кршејќи залаци леб да го нахранам, за потоа одново да се разигра виштејќи и потскокнувајќи и своите тенки копитца натопувајќи ги во месечината и со нив ставајќи златен печат врз детството.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И еден бел коњ ќе вишти некаде во залезот и ќе чека некого за да отпатува неповратно таму кај што престануваат сите значења и на прелагите за некаква света должност кон татковината и безброј други баналности...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)