возбуда (ж.)
Нѐ припекува и ни скорева нејасна возбуда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само иронии можам да претставувам, да шлакам по платното, тоа заслужуваат овие неранимајковци – со возбуда во гласот додаде. –Во трите галерии пројдов!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Признавам тој час и моето срце не беше многу мирно, ме опфати силна возбуда, никако не можев да го совладам, бев присилен да викнам: - Да живее! -и некои други големи работи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Силната болка ѝ обезбедува силна возбуда и убав глас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но стравот и возбудата кучешки ме гонеше и сѐ повеќе грабев од стапалките на оние што трчаа пред мене.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И не од нарцисоидност туку од љубов и верност кон првичниот поттик, кон првичната инспирација, кон онаа првичан возбуда што ги забележа првите зборови кон овој реквием, основата негова, јас ги сочував нив во нивниот автентичен вид, придружувајќи ги со новите песни со прологот, епилогот и епитафот како обид да ја согледам и изградам неговата поетичка целина.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Срцето силно му зачука од возбуда кога до кепенокот на дуќанот за петлици го виде изложеното цвеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ми се лоши од возбуда, чувствувам топли и студени бранови како ми го преплавуваат телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Колку што се сеќавам од преголема возбуда дека сум фатил птица, не знаев убаво да ја држам, та набргу штом ја извадив од клопката, таа ми првна од рацете и одлета на блиската слива.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Старецот сега трепереше од некоја внатрешна возбуда.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога почнаа да доаѓаат родителите во салата закитена со знамиња и цвеќиња возбудата уште повеќе порасна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Мерката на душевната и духовната возбуда, објективизираното просудување и восприемање на напишаното, критичката дистанца стануваат оној решавачки фактор што ја одредува судбината на песната и на односот на поетот кон неа.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Незаменливото искуство од чекорењето по непознати патишта, возбудата од неодоливиот мирис и вкус на разните зачини кои со соодветно пропорционално мешање од мајсторите на кулинарството и најстраствените гурмани, стануваат деликатеси кај разни народи и култури.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме обзеде силна возбуда додека ја читав телеграмата на градоначалникот на Поградец со која ме повикуваа на свеченото доделување на титулата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сиот тој ден, со мали напливи на возбуда, мислата му се враќаше на претчувството за стравотниот пораз во Африка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И така би: цела ноќ чинев од многу – Едно. Голема ука е тоа, о бедни, и никој од вас не може да сфати каква возбуда силна душата ми ја обзеде, каква сладост, кога почнав да ги распоредувам стакленцата од огледалото по редот вистински.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од косматите гради му се креваше пареа. Секој дел од телото му беше напрегнат и потреперуваше од силна возбуда.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)