возложи (св.)
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И самиот реши да му помогне, да „спаси една рисјанска душа“, што му беше возложено и со калуѓерската програма: „прави добро со што можеш“. Со првиот транспорт брашно за манастирот, Арсенија го испрати Сталета да растовари и да го смести брашното во амбарите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По таа причина Мехмед стана близок до Сулејмана и овој неколкупати му возложи токму нему да ги оствари тие негови планови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
МЛАДИЧОТ: (Суво и отсечно.) Досега немало задача што ми била возложена, да не сум ја извршил.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)