вокмен (м.)
Во улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега врие од заитани бизнисмени со мобилни телефони и изгубени туристи со мобилни фотоапарати и со слушалки од вокмени во ушите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Вокменот го руши контекстот на постоечката текстура на градот и ја провоцира логиката на урбаното, бидејќи градските планери досега по правило се занимаваа само со просторните димензии на соѕиданото, занемарувајќи го акустичниот аспект.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со слушалките од вокменот во ушите, допрена до стаклото на прозорецот, тивко колку за себе ги потпевнуваше песните од изборот на музичките станици.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Вокменот е gadget изграден токму на сингуларното и номадско акустично искуство; тој го менува и збогатува звучниот пејзаж, и затоа еднаквовредно се вклучува меѓу урбаните стратегии.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)