волна ж.
волен прид.

волна (ж.)

Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Цицлесто суштество е со оклоп од чиста рунска волна и со мисла опијанета од илјада кавали
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се распиша конкурс на сите факултети семкари и овчари станаа студенти соблекоа волна, облекоа одело се штанцаат дипломи во секое село О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волната јатрвите ја поделија уште пролетоска на три дела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мојава рака сега борави во кутелот на тие американски пантолони ткаени од малку волна и повеќе теролин.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа го купуваме нашето брашно од бегот за козја пастрма, за овци и за волна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Моја главна работа стана трговијата со волна. Порано оваа трговија беше била забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А месото на фронт, кожите им ги продадоа на трговците, а волната со месеци ја перат жените, а во бараките ја предат и плетат чорапи и фанели за оние што се на боиштата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
После правиме амајлии за на гуша. Збираме од трњето волна и ќе усучиме конче за околу вратот. За амајлиите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Важно е дека се потврдува оти главната трговија на Никола Поцо не му била волната и другите ситни прехранбени производи, туку лиферувањето на оружје за турската војска.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали ги завртеле зетот и невестата спроти сонце, вели, и дали околу нив поминало сито со леб и со волна, со вино и со шеќер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ко молец во волна што прета.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Клопчето волна се стркала од скутот на доктор Гете и падна на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И имам нешто повеќе во дланката, нешто што веќе не е бестежинско како влачена волна туку сега тоа е како топка памук која добива тежина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Снегот изгледаше како мека волна под која нема ни камен ни земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Уште еден чекор, уште еден бескрајно долг чекор, и тој ќе се најде во пријателско шарско бачило, да дише меѓу ветрови испарување на овча волна и ненасито да се обновува со млако млеко, нем и тажен до денот на одмаздата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луман сега заведе вергија: месечно, рече, секоја куќа од вашето село ќе ми дава по лира, наесен на секои сто брави, овци и кози сакам по пет за мене и десет ока сирење, а за пролет секоја куќа нека ми чува по руно волна, тие што имаат по дваесет овци повеќе – по пет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Подоцна сосема се забрани и беше издаден ферман целата волна да се прибира од султанот за изработка на облека за војската. Така беше дури не се поништи забраната.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе