волшебен (прид.)
Волшебна песна ме носи во црвен виор, а ти знаеш - јас го сакам саксафонот. И гитарите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
О, бесрамна нека ми биде беседата
нека биде вечен нескладот
меѓу изгледот и суштината
постојат волшебни приказни во коишто
сѐ е налик на стварноста
во коишто нема ништо
што би можела да го објаснам
ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од длабочината на катедралата од позади големите оргули допирааа допираа волешебните звуци и се разлеваа низ целата катедрала.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Не според стилот на епохата
туку според изливите, внатрешните
релјефи на гестот-ерес
временски ќе се сместува
меѓу XIX и XX век отприлика
почетокот на нашата взаемна
љубов:
грешките се допуштени
ако за грешка може да се смета
она кое ги надминува границите
ако воопшто од животот можеме
да го избркаме чудесното, волшебното
магиското.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Поседуваше волшебна насмевка од која бликаше невидена благост и темни бадемести очи од кои најчесто зрачеше силен интензитет и добрина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во летната кујна пет фамилии готват на еден шпорет, кој на волшебен начин ја има смалено моќта и брзината, па со часови чекаш да дојдеш на ред.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Веруваа дека знаците од натписот испишан на височина главоломна имаат волшебна сила и дека оној кој ќе ги растолмачи ќе стане сопственик на богатства неброени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури најрапавата стара кожа на долговечен човек е обвиткана во волшебната разнобојност на светлината на животот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од Бадник до Василица, можеби до Водици
ќе нѐ будиш со волшебната музика на сјајот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Време е да се чуе и вашиот глас. Јавете се преку Волшебното самарче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Скицата со податоците стави ја во Волшебното самарче и прати ја по млекарчево.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Да живее „Волшебното самарче“! - потфрли болничарката Стевка.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Откако Камилски срдечно се поздрави со Татко, наврапито и внимателно го отвори волшебното жолто куферче, ги положи речниците врз масата, со тоа давајќи му на знаење на Татко дека е веднаш готов да започнат со ловот на опасните зборови, небаре тие ќе исчезнеа засекогаш без да ја доживеат замислената осуда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мака му беше да се прости со една ваква волшебна моќ, но истовремено сакаше да има и обични раце, па реши, откако поразмисли малку, да се послужи со итрина.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Отворањето на фиоките е рамно на отчкринувањето на волшебна кутија: смекнатата браон банана меѓу копчињата, виљушката до моливот, тој до кремата за бричење.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Волшебната тајна на гласот твој ме буди
со копнежот пред-потопен болот ми го плоди,
од сегашноста ме краде, мајчинство ми нуди
небаре носталгија на боите, до исконот ме води.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пеењето на птиците, чуруликањето на врапчињата, се претвори во волшебна утринска песна, песна со која птиците го поздравуваа раѓањето на новиот ден...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)