вообразба (ж.)
Ама, затоа што имаат само вообразена ученост, тие треба да се служат со овој излишен надворешен изглед – што [само] ѝ годи на вообразбата на оние за коишто работат, и преку тоа тие [сакаат да] ја привлекуваат почитта.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во целиот тој процес на претставување или преведување во зборови, центарот од каде се еманира најмногу моќ е вообразбата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Навистина, нејзините писма не го потврдуваа тоа, но во мојата вообразба сред осаменоста, тие писма ги гледав во различна светлина, понекогаш дури и како утеха.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа го искористија политичарите и преку своите слепи подржувачи секојдневно ни нудат искривени слики кои се повеќе бедни клишеа, одвратни стереотипи, односно слики кои потекнуваат од стерилни центри за вообразба.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)