војсководец (м.)
Фараоните на своите војсководци како награда за храброст им давале ќуп со мед.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дваесет години подоцна австрискиот војсководец генерал Пиколомини во писмото упатено до својот цар нагласува дека тврдината е ѕидана на стар начин, сега наполно без одбрана и вода, без простор за коњаница.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не можевме да го заборавиме денот кога брат ми партиец пресуди, а татко ми се согласи козата да се вика Сталинка, макар што тој си остануваше верен на определбата да се ослободуваме од имиња на војсководци, светци, ослободители, да бараме имиња меѓу цветовите, природата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми, со судбина каква што имавме, не сакаше имињата на своите деца да ги врзува за светци, војсководци или други славни луѓе.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како признат хроничар на родот Буколовци и фамилијата Прокопиеви, бившиот адвокат бате Иле (така во семејството го викавме и ние, половина век помлади од него) долгата семејна историја ја зачинуваше со историски податоци уште од времето на османлискиот војсководец Лала Шахини, према записите на историчарот Пастухов (презиме што, признавам, не сум го провел, но кое звучеше во целосна согласност со предметот на неговото интересирање – инвазијата на турските освојувачки орди).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Пред илјади години, според кинеската историја, војсководци со фигури-војници, борни коли спорот го решаваа на минијатурно бојно поле, како на шаховска табла.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А Арсо Арнаутче станал од клупата и се испрчил, речиси војсководец е што се гордее со раните спечалени на невидено боиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Баш ме заболе за царевите, кралевите, војсководците и владетелите! Да, да, убаво слушнавте! Баш ме заболе!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кога Османлиите го освоија неговиот Сигет, војсководецот Иса-бег, еден од тројцата синови на прочуениот Исхак-бег, кој потоа и загина на Лебното поле во битката меѓу турската и унгарската војска, го довлечка во Скопје запленетиот саат што го симна од саат-кулата на Сигет.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Исхак-бег беше не само богат и прочуен градител на Скопје, туку и славен војсководец, кој загина негде во битките кај Варна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јаничарот, за разлика од језуитот, кој можел да стигне во католичката хиерархија до кардинал, но никогаш и до Папа, можел да се извиши до прв везир, војсководец, паша, но колку што повисоко се искачувал во хиерархијата, во душата чувствувал сѐ поголема празнина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сите видоа како вишлестиот човек со жолта кошула ја крена својата десна долга рака како некој војсководец и ја фрли право пред себе, покажувајќи му го патот на шоферот, по што белиот откриен автомобил замина право низ селото нагоре каде што им се изгуби во облакот прав од пред очите на вчудовидените селани. Луѓето занемеа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Балканот бил отворен мегдан за табиетите на императори, владетели, војсководци, верски поглавари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе ги разграбаат поседите и ќе ги разделат, како и досега што правеа, на нивни заслужни војсководци.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)