врел (прид.)
- Доброутро, здраво-живо! - поздравува врапче сиво. - Доброутро - поздрав врел ви испраќа гулаб бел.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Еден ден, бидејќи е врело лето, водата може да секне. Но, па што?.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Полето врело клокоти под ова црвено небо птицата чудно цвркоти крај еден овенат шебој ноќта необично глува за оваа доба од годината гората пеколно сува една ѕвезда од небо е скината Еј ти усто зината во нас пленот што го препозна животот вреќа е скината со староста тоа го дознав 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
На челото твое глеј, желби се бројат, во срцето врело рој желби се ројат: - Да пораснеш голем, да надраснеш џин, на мама, на тато да си свиден син.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И бликаше на земјата во струи крвта врела од уште топлиот му труп.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Заедно беревме цвеќе во вазна со црвено вино преполнета во оваа врелост со оружјето на најголемиот инстинкт, ја сруши вазната и протече црвено вино...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Носеше лонец од кој се креваше врела миризба на млеко.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Седнаа на кревет и ја стисна врелата глава со дланки.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Овој врел и мрачен гроб среде пустината или она што секако треба да е минатост, минатост што така дрско продира во него и го напушта тогаш кога му е најпотребна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Неколку капки му паднаа на врелото чело и го освежија. Низ воздухот се ширеше миризба на влага и земја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од авлијата веќе идеше миризбата на големата пита тикуш под врелиот сач околу кој стоеше Мајка вадејќи жарчиња од пепелта и ставајќи ги на голите места на врелиот метал.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кон мене лазеа нивните искинати шепоти и сплетки во чија горчина се насладуваа, му се враќаа на животот со врела крв, бабреа од внатрешна сила.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се намести до мене и ми ја прочита песната за убиениот крал напишана на руски, од кое јас запомнав само неколку зборови без да ја разберам содржината над која тој пролеа врел поток.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Како капка вода да се обиде да пробие од кожата под стаклото на окалките, за да не најде отворена пора и да се разлее полека кон темниот печат на едната страна на врелото лице.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се згрбави и пак се сврте кон касата барајќи го со врелите прсти бројченикот на тајната.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сликата ти е недофатна
божја, сатанска, бесмртна
бела, охола ало,
лакома суето, Киту
твојата јасна росна јарост
крвавиот рев
вресот на твојата пена
- грбна лавовска локна
зборот може поверно да те опише
од било која икона, лажен идол
-развратен знак на китоловците-
Милосрдна срж, срцевино, божилаку
казни ги поганите: скриј ја вистината
‘рскавицо на покајанието
послушај го умот на бога
Магу, уживач на морски бездна
- утробата на светот
Цицалче големо
лицето исцели си го од длабочини,
Ламјо совршена
прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пазува мои денес разгрнвам, - мојот е поглед ко солнце врел радоста моја ко сокол ќе летне на овој светол празничен ден!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Го стискаше детското чевелче на врелите гради.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)